send link to app

Makam-Trans Communications


4.2 ( 5312 ratings )
İş Üretkenlik
Geliştirici: Valerija Temelkova
ücretsiz

Мобилната апликација е алатка со која на превозниците им се овозможува поголема ефикасност во вршењето на транспортните операции, можност за пријавување на мито и корупција во државата и надвор од нејзините граници, како и можност за пријавување на мигранти.

Апликацијата се состои од четири дела:

"Пријави застој на патишта",
"Провери состојба на патишта",
"Пријави корупција",
"Пријави мигранти"

Во делот Пријави застој на патишта, секој најавен корисник ќе има можност да наведе одреден застој: проблем на пат (сообраќајка, поплави, одрони и сл.), гранични премини, работа на пат во матичната држава и во држави од Европа, со што ќе се овозможи поголема флексибилност за навремено планирање на транспортните операции преку користење на алтернативни патишта.

Во делот на проверка на состојба на патишта, освен пријавите од превозниците и од возачите ќе може секој корисник да ја проверува состојбата на патиштата (забрани за движење, празници и сл.) според објавените информации од надлежни институции во државата, но и информации од државите во Европа.

Во делот пријави корупција секој корисник АНОНИМНО ќе може да пријави корупција на гранични премини, по транспортни коридори или во било која државна институција. Пријавувањето корупција е анонимно и доверливо. Сите пријави се испраќаат до надлежните институции без објавување на Вашите податоци во вид на збирни извештаи по држави и надлежен орган (царина, полиција, инспектор и сл.) со што ве охрабруваме за пријавување на сите незаконски дејствија од страна на надлежните органи во државата и надвор од нејзините граници. Сите пријави ќе пристигнуваат и до Националниот координативен центар за гранично управување кои ќе преземаат понатамошни мерки за отворање на случај против пријавениот и проверување на добиената пријава според сопствени истражни методи.

Пријавување на мигранти е со цел собирање на податоци за веќе настанати проблеми и влезени мигранти во товарниот простор на возилата за понатамошна анализа и интервенција, меѓутоа и пријави на забележани мигранти по транспортните коридори и гранични премини, а Националниот координативен центар за гранично управување ќе има за задача согласно добиената пријава да интервенира кај надлежните институции за организација на транспорт на мигрантите до соодветни кампови каде што истите треба да престојуваат, со цел спречување нивно влегување во товарните возила. Доколку приметите нелегален транспорт на мигранти со комбиња, патнички возила и сл. пожелно е да се запише нивната регистарска таблица како би се спречиле секакви незаконски движења на мигрантите кои нанесуваат штета директно на сите превозници.

Со развојот на мобилната апликацијата се овозможува поголема флексибилност и ефикасност на превозните трговски друштва и нивна поголема заштита од незаконски дејствија.

Асоцијација „Макам-транс“